Стилот на оваа дама е едноставен, но ефектен и моќен

Познатата 45 годишна актерка Софија Вергара воодушевува каде и да се појави како со својот шарм и убавина, така и со провокативниот стил со кој никогаш не изгледа претерано. Таа подеднакво им е интересна како на мажите така и на жените, а дефинитивно спаѓа и во друштво на девојки за кои се вели дека се како виното - како стареат така изгледаат поубаво. Тоа го докажа и со една од последните фотографии што ги објави на Инстаграм која е направена во дамнешната 1992 година, во Богота, во време кога колумбиската актерката беше во својот прв брак, со средношколската љубов Џои Гонзалес од кого го доби и синот Маноло во 1991 година, а се разведе во 1993.

Познатата актерка денес е со еден друг Џои, овој пат Манџаниело, актерот кој пред неа клекна само по 6 месеци врска. Нивната љубов е главната причина што Софија денес изгледа задоволно и среќно, па дури и поубаво од пред две децении, а тоа дефинитивно е нешто што секоја од нас со помош на саканиот може да го постигне во животот.

Што мислите вие?

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?