Британската јавност не престанува да се интересира и за најситните детали поврзани со свадбата на принцот Хари и Меган Маркл

И додека сите ја очекуваат најспектакуларната венчавка на годината стручните лица кои ја познаваат традицијата и обичаите на кралскиот двор во Британија не престануваат да ги откриваат и најситните детали. Па така во јавноста веќе на големо се зборува за тоа каква венчаница би можела да носи Меган Меркал, во каква музика и специјалитети ќе уживаат гостите, но и за едно од најактуелните прашања односно каква улога ќе има во тие денови нивната омилена војвотка Кејт Мидлтон. Па така додека познатата холивудска актерка полека се подготвува за нејзината венчавка која најверојатно и не и приставува нешто што и е потполно непознато бидејќи веќе еднаш во животот има застанато на лудиот камен, стручните лица кои ја познаваат кралската традиција укажуваат на тоа дека идната принцеза не смее да ја избере Кејт Мидлтон за венчана кума и тоа поради неколку причини.

Кејт најверојатно ќе биде следната кралица, откако нејзиниот сопруг, принцот Вилијам ќе стане крал, па сигурно нема да ја следи младата до олтарот, вели експертот за кралски семејства Мерлин Кенинг, додавајќи дека улогата на венчана кума во Британија воглавно е резервирана за слободни девојки. Покрај тоа треба да се присетиме и на ситуацијата од мај годинава, кога Кејт не беше кума ни на венчавката на нејзината сестра Пипа Мидлтон. Таа исто така не сакаше тој ден и да ја засени својата сестра, па воглавно се држеше на страна и ја остави Пипа да биде во центарот на вниманието. Тоа најверојатно ќе биде така и на венчавката на Меган, а нема да се појави и на моминската вечер која треба да се одржи неколку недели пред свадбата затоа што најпрво не е блиска пријателка со неа и не се познаваат доволно, но и во тоа време ќе треба да го роди своето трето дете па ќе биде зафатена со него.

Но затоа во мај следната година кога се очекува гламурозната венчавка во црквата Свети Ѓорѓи во дворецот Виндзор една од поважните улоги ќе ја имаат малиот принц Џорџ и принцезата Шарлот. Тие на венчавката на нивната тетка Пипа Мидлтон ги носеа прстените до олтарот, па најверојатно и овој пат на ист начин ќе ги воодушевуваат присутните.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?