Познатата убавица ги изненади сите со веста дека е бремена

Коко Роша која важи за една од најпопуларните девојки во моментов, и која на сите познати дизајнери им е меѓу првите модели во нивните кампањи и едиторијали, ги изненади сите со последната објава на социјалните мрежи. Имено, манекенката среќните вести дека е бремена ги сподели преку Инстаграм. Во видеото со кое на пријателите и обожавателите им соопшти дека е бремена по втор пат нејзината ќеркичка Иона во еден момент скокнува пред нејзиниот стомак и извикнува „Изненадување! Во стомакот на мама се наоѓа бебенце! “ Потоа Коко почнува да го гали стомакот кој посебно дојде до израз во тесниот црн фустан што го носи во видеото. Таа покрај бројните честитките доби пофални коментари и за прекрасниот стајлинг.

Your attention please! @ioniconran has a very important announcement to make!! 📣 #babyconran2

A post shared by Coco Rocha (@cocorocha) on

Последните години сведоци сме на се поголемиот замав на висока мода за бремени жени, па воопшто не сме изненадени од ова префинето издание на познатата манекенка. Коко широката монотона облека ја замени со елегантна комбинација која во преден план го стави нејзиниот стомак, а целата комбинација  ја заокружи со чокер огрлица.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?