Нов неочекуван потег на идната англиска принцеза

Познатата 36 годишна актерка го најде својот принц од соништата. И бидејќи овој пат станува збор за вистински принц, со кого следната пролет треба да застане на лудиот камен, медиумите не престануваат да се интересираат за нивната венчавка. Јавноста едноставни ја интересира сé што е поврзано со идната сопруга на Хари, а не ретко се случува вљубениот пар и да го прекрши протоколот. Едно од последните правила кои што Меган ги прекрши, а кое што на големо се шушка во јавноста, поврзано е со Божиќ.

Имено таа празникот нема да ги помине со нејзиното семејство во Америка, како што е традицијата, туку на кралскиот двор, нешто што досега на ниту една друга девојка не и било дозволено. Тоа не и беше дозволено ни на сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон.

Меган и Хари го прекршија и правилото според кое членовите на кралскиот двор мораат да поминат две години како свршени, па дури потоа да се венчаат. Но очигледно дека кралицата ги толерира овие постапки на идната принцеза, а некои претпоставуваат и дека токму нејзината болест (и старост) е причина за сето тоа.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?