Познатата егзотична убавица никогаш не била посреќна

Една од најпознатите ангели на Викторија, Шанел Иман, на 1 декември го прослави 27 роденден. А само еден ден подоцна кажа „ДА“ на три години помладиот партнер Стерлинг Шепард, познат американски спортист, и со тоа се приклучи во редот на познатите светски убавици по кои копнеат сите, а сега сепак го пронашле „оној вистинскиот“.

Парот убавата вест ја сподели преку Инстаграм. Имено познатата манекенка објави фотографија на која што нејзиното момче клечи на колена и ја запросува, во тивка ноќна атмосфера, опкружени со романтични свеќи. „Ноќ полна со солзи и среќа. Возбудена сум што остатокот од животот ќе го поминам со тебе. Ти си мојата сродна душа, мојот најдобар пријател, моето се. Одвај чекам да станам твоја госпоѓа“, пишува во описот на фотографијата.

Инаку оваа вест најверојатно не ги израдува само претставниците на посилниот пол меѓу нејзините обожаватели, туку и жените кои со нетрпение чекаат да го видат нивниот омилен ангел во невестински фустан.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?