Голема љубов на кралскиот двор

Принцот Хари и Меган Маркл едноставно не можат да ја сокријат својата љубов! Откако прв пат се појавија заедно, пред неколку месеци, во јавноста постојано се држат за раце, нешто што досега речиси никогаш не можевме да го видиме кај принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ. Но будното око на новинарите го забележаа ова, особено откако Хари и Меган беа неразделни за време на нејзиното прво официјално појавување што се случи минатиот петок во Нотингем, во близина на британската метропола.

Според стручњакот за бонтон Мик Мајер, кој даде изјава за магазинот „People“, станува збор за нешто што не е типично за кралските двојки, но кое сепак, претставува добар гест и ги покажува нивното единство и радоста во овој период пред свадбата. Од друга страна тоа што Кејт и принцот Вилијам на многу настани не се држат за раце не е поради нивните преференции како пар, туку затоа што сериозни настани бараат одредено ниво на професионализам, нешто што секој член на кралското семејство сигурно би го почитувал, вели Мејер.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?