Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат следната пролет

Но малку е познато дека Меган зад себе веќе има еден пропаднат брак. Имено познатата актерка се омажи во 2011 година за 8 години постариот продуцент Тревор Енгелсон со кој беше во врска од 2004. Тие се разделија во 2013 година, а нивниот брак траеше помалку од две години. Тоа беше и една од причините поради кои членовите на кралското семејство на почетокот се противеа на врската помеѓу неа и принцот Хари. Меган и нејзиниот поранешен сопруг Тревор свадбената церемонија ја направија на Јамајка. Таа иако на почетокот се појави во венчаница, подоцна на забавата се забавуваше во оскудни жолти бикини, а фотографиите деновиве, поради нејзината свршувачка со принцот, повторно се во центарот на вниманието.

Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на кралицата за ова...

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?