И таа не можеше да и одолее на најпопуларната фризура за оваа сезона

Во прашање е едноставна фризура која според модерната терминологија се вика лоб, а најлесно можете да ја опишете како долга паж фризура. Таа најдобро им стои токму на девојки кои имаат коса како Џенифер Лопез, односно фарбана и со прамени бидејќи краевите изгледаат многу поздраво, а целиот изглед посвежо. 

Најголема предност на оваа фризура е што можете само да направите благи прамени и да добиете нова, крајно стилизирана фризура, без да одите кај вашиот фризер.

Никол Кидман има нова фризура – го освежи лицето, но и скрати минимум 10 години од нејзиниот изглед  >>

Никол Кидман пред неколку дена ни покажа какво освежување може да се направи со ваква едноставна промена, а на овој тренд не му одолееја ни Сара Џесика Паркер, Пријанка Чопра, Пенелопе Круз, а пред нив и некои помлади ѕвезди како Селена Гомез и Кендал Џенер. И како што тоа секогаш се случува кога се во прашање трендовите што ги фураат познатите дами, сосема очекувано е истиот наскоро да го видиме и на нашите улици.

Па, дали сте подготвени за мала промена?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?