Познатата актерка пред неколку дена во Рим доби важна награда за досегашното достигнување во филмската индустрија, па објасни зошто тоа и значи многу, но зборуваше и за скандалот во врска со продуцентот Харви Вајнштајн кој што ја тресе филмската индустрија со месеци.

Со наградата Fondazione Cinema per Roma - Virna Lisi поради својот големо влијание на италијанската и глобалната кинематографија, на Моника и е укажана голема чест (како што и самата истакнува) поради што разни светски медиуми ја контактирале. Па така во интервјуто за порталот „Hollywood Reporter“ таа отворено зборуваше за нејзината досегашна кариера, зошто е важна приказната околу нејзините години во контекст на улогата на Бонд девојка, но и зошто смета дека е важно жените сега да истапат и се погласно да почнат да зборуваат за нападите и сексуалното вознемирување.

„Ова ми значи многу бидејќи Вирна Лиси е актерка која многу ја почитувам. Таа не е само големо име во италијанската кинематографија, туку припаѓа и во светската лига на најпознати актерки. Таа за мене преставува нешто кон што целам, а под тоа подразбирам талент, секако, не и интелигенција, убавина и елеганција. Затоа во голема мерка сум почестена, но и трогната што ја добив оваа награда која го носи нејзиното име“, изјави таа.

Во врска со скандалот што го тресе Холивуд таа изјави дека мрази што жртвите на Харви Вајнштајн се посрамотени и критикувани што не прозборувале порано. „Луѓето прашуваат зошто овие жени не кажале порано? Зошто веднаш не кажале што се случува“ Но кога птицата е во кафез долг временски период, па и кога ќе ги отворите вратите на кафезот, таа не лета веднаш надвор, а за да излезе надвор, нешто внатре треба да се промени. Потребно е време за да се собере сила и повторено да се зборува за тоа.

На прашањето дали и самата доживеала сексуално вознемирување во текот на нејзината кариера, таа одговара: „Па секако дека да. Мислам дека нема жена на светот која не доживеала такво нешто во некоја мера. Исто така мислам дека ние жените од мали нозе учиме како да се носиме со таквите ставови. Понекогаш сметате дека тоа е нормално бидејќи се случува често. Но тоа не е нормално. Мораме нашите деца да ги научиме дека не е нормално“ објаснува Моника и се надоврзува на приказната.

„Како мајки, мораме да ги научиме нашите деца да ги препознаат таквите ситуации пред да се случат, како би знаеле како да се постават кон нив, па да не се чувствуваат како самите да се криви за тоа. Кога сме деца често ни зборуваат да водиме сметка што носиме, како да се однесуваме и дека не смееме да ги провоцираме мажите. Но на мажите никој не им зборува дека не смеат така да се однесуваат. Да напаѓаат, да ги допираат жените и да помислат дека жената сака секс ако облекла краток фустан. Мажите се тие што МОРААТ да научат каде им е местото“, вели таа. Што се однесува до нејзиното искуство со Харви Вајнштајн вели дека не морала да излегува на крај со такви ситуации бидејќи однапред знаела како да ги избегне. „Имено, кога сте убава жена и сте во работа во која вашиот изглед е дел од се, секако дека морате да знаете како да се поставите“.

„Еднаш разговарав со познат психолог и тој ми зборуваше дека моќните мажи понекогаш како да имаат две личности во себе. Едниот е апсолутно нормален, дурии брилијантен, а другиот е ненормален, речиси ѕвер. Така кога ќе запознаете такви луѓе, морате да се трудите да имате работа само со неговиот нормален дел од личноста. Мислам дека моќните луѓе понекогаш мислат дека се е можно и дека за нив не постојат граници во однесувањето.“

Сепак според актерката дојдено е време за големи промени.

„Мислам дека ситуацијата веќе се промени за само неколку месеци. Бидејќи гледано од аголот на една жена, не знам за вас, но како жена која што се движи во друштво веќе гледам дека ставовите се менуваат. Можеби сега некако е.. посвесно. Се се менува. Кога одам на аеродром, во ресторан, чувствувам нешто, некое поголемо почитување.. луѓето се повнимателни“.

Таа додава дека луѓето се однесуваат сега во стилот мораме да внимавате и дека чувствува дека работите одат на подобро. Што се однесува до филмската индустрија, вели дека сега е прерано да се зборува за некои трајни промени во неа, особено затоа што се уште не се знае исходот, односно што е вистинито, а што не. „Мораме на се да обрнеме внимание“, вели таа.

Што се однесува до актуелната афера поврзана со познатиот италијански режисер Џузепе Торнаторе, Моника автоматски има јасен став кој не наиде на големо воодушевување во италијанската јавност која сметаше дека таа од почетокот е на страната на италијанскиот режисер.

„Мораме да разликуваме додворување од напад. Не смееме да ги мешаме поимите. И не смееме да ги обвинуваме луѓето. Со Торнаторе бев на турнеја пет месеци по филмот Малена, снимав и некои реклами. Пријатели сме веќе 20 години и се слушаме и ден-денес. Благодарение на него ми се отворија многу врати во животот, а тој и неговото семејство многу ми се драги. Изненадена сум од обвинувањата, мислам на него и неговото семејство.

Извор: Elle.rs, Hollywood Reporter

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?