ban2

Беспрекорниот стил на Првата дама на Турција

Сопругата на турскиот претседател Тајип Ердоган, Емина, има интересен моден израз со кој успева да направи совршен баланс помеѓу модерниот и традиционалниот стил, како и протоколот што мора да го испочитува како Прва дама. Таа задолжително носи хиџаб со кој НЕ го покрива лицето, а одби да го направи тоа и на нејзината венчавка, и се уште се држи до таа одлука. Таа многу добро знае да ги избере и комбинира вистинските бои што можете да видите и од фотографиите што следуваат, а на службените патувања со својот сопруг секогаш одлично ја исполнува својата модна задача. Нејзините омилени парчиња се капут со едноставен крој и класични панталони кои секогаш наоѓа начин да ги искомбинира со некој модерен, интересен детаљ.

Скапата облека - најголема страст на Емина

Инаку, Емина е поборник за здрава и природна храна, а сака да чита и слуша популарна музика. Но и покрај тоа што тврди дека живее скромно според муслиманските обичаи, ширум светот е позната нејзината страст за скапите дизајнерски парчиња и антиквитети. Таа еднаш дури и го затвори целиот трговски центар во Брисел за да може да купува, а за време на посетата на Варшава ги истражуваше тамошните антиквитети.

Раскошна палата од 590 милиони евра

Емина живее со сопругот недалеку од турската престолнина Анкара, во огромна претседателска палата за која се потрошени фрапантни 590 милиони евра. Палатата е толку раскошна што според многумина и Садам Хусеин, кој беше познат по неговата опсесија кон златото и скапоцените камења, би се посрамотил од неа. Зданието во Турција е познато како „Белата палата“, и за него се потрошени дупло повеќе пари отколку што беше првично планирано (ова ве потсетува на нешто?), но според турскиот претседател палатата го поправа имиџот на Турција во светот.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?