Нови модни имиња во комбинациите на Меланија

Првата дама на Америка постојано е во фокусот на најпознатите модни магазини во светот. Таа е прва поранешна манекенка која се пресели да живее во Белата куќа, а најверојатно и единствената Прва дама во историјата на Америка која постојано носи високи потпетици од кои повеќето се повисоки и од 15 сантиметри. Но она што прво паѓа во очи кога е нејзиниот стил во прашање е тоа што секогаш носи парчиња од најпознатите дизајнерски имиња, а меѓу нив најчесто „Dior“, „Delpozo“, „Michael Kors“, „Dolce & Gabbana“...

>

Поранешната манекенка многу ретко можеме да ја видиме во релативно непознати имиња, па токму затоа и бевме изненадени кога при посетата на еден настан во Западна Вирџинија кој е посветен на се поголемата епидемија на зависности од дроги, Меланија се појави во фустан во смарагдно зелена боја од „Cefinn“, американски бренд зад кој стои Саманта Камерон, креаторка која не е многу позната на пошироката јавност.

Прекрасната Меланија овој смарагдно зелен фустан со рамен крој и кожен ремен со крокодилски дезен го носеше во комбинација со атрактивни салонки чии шари се комбинација од питон дезен и силни нијанси на розова, сина и жолта боја. Очилата за сонце од кои едноставно не се одвојува, пуштената коса и подвитканите ракави беа единствените детали со кои најпознатата Словенка на светот ја зачини оваа прекрасна есенска модна сага.

Па, големо БРАВО за Меланија!

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?