Познатата пејачка се породи пред нешто повеќе од месец дена

Бијонсе пред неколку недели ги роди близнаците Сир и Руми, а пред неколку дена ја објави и првата фотографија. Но покрај новите членови во семејството Картер, вниманието го привлече и Бијонсе со нејзиниот совршен изглед, односно рамниот стомак кој многу ретко може да изгледа така само месец дена по породување, особено кога се во прашање близнаци.

Но таа сега сподели уште неколку фотографии со нејзиниот сопруг, со кои покажа дека големи се шансите нејзиниот стомак да не е „фотошопиран“. Таа носеше краток фустан со цветен дезен кој е толку тесен што е совршен за откривање на секоја маана на телото.

Бијонсе изгледа одлично во него, особено во комбинација со крзнената чанта и преубавите црни сандали со ремени и метални детали.

Па, што велите за ова издание на Бијонсе?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?