Потполно разочарување

Минатата сабота на вечна љубов се заколнаа српскиот принц Филип Караџорџевиќ и Даница Марковиќ, и како што тоа обично и се случува кога се кралските венчавки во прашање, во центарот на вниманието беше невестинскиот фустан на идната принцеза. Моделот е со потписот на познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ, но што се однесува до нас, убавата Даница изгледа некако заробена под сиот тој материјал на кој не можете да му го најдете крајот. Најверојатно и затоа во магазинот Вог кој исто така пишуваше за кралската венчавка, фустанот го опишаа само со еден збор – пуфнасто.

Но погледнете на пример како изгледаше венчаницата на кралицата Максима од Холандија. Дали можете да и најдете маана на нејзината венчаница?

А сега погледнете ја необичната креација што ја носеше Даница ...

Мораме да признаеме дека ова е една од ретките свадби кога младоженецот изгледа поубаво и е подобро облечен од невестата ...

Што мислите вие?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?