И оваа девојка од „Spice Girls“ има одличен стил

И покрај тоа што веќе одамна се далеку од самиот врв на музичката сцена, тие се уште се во медиумите, а меѓу нив најекспонирана е Викторија Бекам која во меѓувреме стана и една од најпознатите дизајнерки на светот. Нивниот бенд „Spice Girls“ денес се смета за еден од најпопуларните женски бендови во историјата на поп музиката, а покрај Викторија во бендот беа и Ема Батон, Мелани Браун, Гери Халивел и Мелани Чизом.

Но покрај Викторија и Мел Б во последно време ги полни страните на жолтиот печат, посебно поради својот бурен развод од сопругот, а се споменуваше и дрога, секс во тројка, физички пресметки и сл. Останатите три колешки – Мел Ц, Гери и Ема најмалку се експонирани па секое нивно појавување предизвикува голем интерес во јавноста.

Неодамна русокосата Ема покажа дека се уште можеме да ја викаме Бејби бидејќи изгледа како тинејџерка, а неверојатен изглед покажа и 45 годишната Гери која сега го носи презимето Хорнер. Таа на една вечера со нејзините пријатели се појави во тесен црн фустан и долг црн блејзер, а целата комбинација ја подигна со полудлабоки црни чизми.

Па, дали ви се допаѓа Гери во ова „all black“ издание?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?