Медиумската куќа Buzz Net за најубава жена ја избра Бијонсе

Познатата пејачка ја победи индиската актерка и пoранешен Мис на светот за 2000, Пријанка Чопра, а на третото место се најде манекенката Тејлор Хил. Интересно е и тоа што на шесто место е Хилари Клуинтон

И додека сите зборуваат за нејзината неприкосновена убавина, некои велат дека познатата пејачка и сопруга на реперот Џеј Зи има и грда страна која што сака да ја сокрие од очите на јавноста, н покрај тоа што низ годините се зборуваше се и сешто за неа. Ако тргнеме од почетокот на нејзината кариера, кога настапуваше со бендот „Destiny's Child“ во јавноста се зборуваше дека често ја менувале поставата бидејќи Бијонсе постојано се наметнувала како главна. Се шушка и дека Бијоне не се однесува фино кон сите, а нејзиниот бес на своја кожа го почувствуваа Ријана и Рита Ора, пејачки кои всушност ги создаде нејзиниот сопруг и музички могул, Џеј Зи. Но вистинитоста на овие приказни никогаш не беше докажана ...

Ни Ким Кардашијан не помина полесно, иако Џеј Џи и нејзиниот сопруг Канје Вест се многу блиски пријатели и соработници. Откако брачниот пар Картер не се појави на нивната венчавка, на сите им стана јасно дека нешто не е во ред со нивниот однос. Наводно Бијонсе е таа која што смета дека е „подобра“ од Ким, а тоа ја растури и калимерата и меѓу реперите.

Пејачката е сурова и кога се во прашање и барањата кои организаторите на нејзините концерти мораат да ги исполнат ако не сакаат да доживеат дебакл – собата мора да биде секогаш на 25 степени, од храна бара зачинети пилешки крилца, а што се однесува до хигиената секогаш бара нови бели крпи и свеќи со мирис на ружа, а тоа се само некои од барањата.

#Beyonce #TIDALX1020

A post shared by Beylite (@beylite) on

Познато е и видеото од 2015 кога Бијонсе безобразно и се извика на асистенката која само и го средуваше фустанот на црвениот килим и притоа ја сокриваше дивата од блицевите на фотоапаратите.

Тоа го направи со студен израз на лицето каков што имаше и кога нејзината сестра Соланж физички го нападна нејзиниот сопруг во лифтот по забавата на која наводно се појавила уште една негова љубовничка. Бијонсе тогаш обожавателите ја обвинуваа дека не направила ништо и дека не требала тоа да го допушти. Но таа едноставно не се ни мрдна ..

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?