Дама која знае како да ги фура трендовите

Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни добро е позната по нејзиниот беспрекорен вкус за мода и одличните модни комбинации кои предизвикуваат воодушевување во модниот свет. Нејзината улога на мајка само го освежи сјајниот вкус за мода, а тоа можеме да го видиме и од нејзините брилијантни стилски изданија што ги фура откако се породи.

Откако во јуни ги роди близнаците Ела и Александер, Амал малку паузираше, но веќе во август се врати во центарот на збиднувањата, но и на своите професионални обврски. Познатата британска адвокатка очигледно нема намера да се откаже од својата работа во првите породилни месеци, па откако пред неколку дена не воодушеви со беспрекорното златно издание во винтиџ фустанот од Версаче (види тука), повторно го привлече вниманието на нашите радари, но овој пат со одлична „off-duty“ комбинација. Станува збор за комбинација составена од скинати фармерки, одлична црна маица и тренди металик сандали со полна пета.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?