Британската дизајнерка повторно во генијално есенско издание

Викторија Бекам повторно ни покажа зошто е една од најпознатите модни икони на денешницата. Таа овој пат ни покажа како да носиме транспарентна црна кошула со нагласени џебови на градите. Покрај градникот во „nude“ нијанса со кој дополнително го истакна својот сексапил, поранешната пејачка од „Space girls“ оваа шик кошула ја носеше ставена во лежерното здолниште со миди должина и свилен појас во боја на вино, а целата комбинација ја зачини со шик салонки во слична нијанса со здолништето.

Веќе ви пишувавме дека обувките во оваа бургунди нијанса се хит за оваа сезона (види ги тука најдобрите модели), но денес би сакале да ве прашаме дали во комбинација со црно сако би се појавиле со една ваква кошула на работа?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?