Нов скандал ја тресе Велика Британија

Се погласно се шушка дека бракот на родителите на војвотката од Кембриџ, Керол и Мајкл Мидлтон, е во сериозни проблеми. Врската на брачниот пар кои на лудиот камен застанаа во 1980 година е затегната од венчавката на нивната постара ќерка Кејт во 2011 година, но сега голема е веројатноста да заврши, пишува „ closerweekly.com “. Доколку дојде до развод Керол и Мајкл ќе мораат да поделат богатство вредно 42 милиони евра кое го опфаќа и нивниот имот во Англија вреден околу 5.1 милиони евра кој беше купен пред неколку години откако ја продадоа нивната семејна куќа во Баклбери во јужна Англија.

Тие поседуваат и компанија „Party Pieces“ која во 1987 година ја купи Керол, а во која и денес работат и двајцата. Мајкл пред работата во оваа фирма работеше како диспичер во „British Airways“. Нивните ќерки Кејт и Пипа Мидлтон, како и синот Џејмс се многу блиски со нив, па ако дојде до развод, сигурно негативно ќе влијае на нив.

Војвотката и нејзиниот сопруг кои имаат син Џорџ и ќерката Шарлот Елизабет Дајана неодамна не израдуваа со веста дека чекаат трето бебе, а се шушка и дека Кејт поради компликациите со бременоста ја разгледува опцијата да се породи дома.

Прашање е само што ќе каже на сето ова кралицата ...

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?