Адријана Лима во неверојатно секси издание

Познатата манекенка за вечерно излегување во Големото јаболко избра фустан со асиметричен крој во кој изгледаше фантастично. Станува збор за краток црн фустан од кадифе кој во преден план ја истакна витката линија на убавата бразилска манекенка, а посебно интересен е делот со светки од кои е направен едниот ракав кој создава контраст во целата креација и ја прави да изгледа уште подраматично и поубаво.

Адријана комбинацијата ја зачини со црни класични високи потпетици и мала плико чанта, впечатливи црвени усни и маникир во слична нијанса, шминка во кафеави тонови и шик фризура со која го истакна својот неодолив изглед.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?