Шпанската кралица и во патики изгледа шик

Шпанската кралица Летиција неодамна се најде на пописот меѓу најубаво облечените жени во светот според изборот на престижниот магазин „Vanity Fair“ и во друштво на модните икони како што се Ријана, Шарлот Генсбур, Даша Жукова и Кирстен Грин. Поранешната новинарка никогаш нема проблеми со стилот, па што и да облече и стои феноменално. 

Така беше и кога ги однесе во школо своите ќерки Леонор и Софија облечена во едноставна комбинација со која ги воодушеви сите.

Кралицата која е позната по нејзината вештина да ги спојува скапите дизајнерски парчиња со оние од хај-стрит брендовите како што се Манго и Зара, овој пат изгледаше неодоливо во сина кратка јакна со спортски крој, бела кошула, светли фармерки и бели патики, а целата комбинација ја заокружи со ефективна црна чанта зачинета со нитни.

Познатите дами ја обожаваат оваа боја >>

Па, што велите за ова издание на кралицата?

По шпанската кралица, и Ранија се прошета во овие панталони – модел кој е хит и меѓу дамите со сина крв (а стануваат популарни и меѓу Македонките) >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?