Таа е со дијагноза која ја имаат 1 до 3 отсто од бремените жени, а поради тоа беше хоспитализирана и во првата и во втората бременост

Кејт Мидлтон по трет пат е бремена, а нејзината бременост воопшто не е лесна. Таа пати од Hyperemesis gravidarum (трудничка хиперемеза) состојба во која се наоѓаат од 1 до 3 отсто од бремените жени. Се карактеризира со тешки мачнини и повраќање, а може да е повтори и до 50 пати на ден. Поради тоа војвотката беше хоспитализирана и во првата и во втората бременост. „Обичните утрински мачнини во бременоста не можат да се споредуваат со Hyperemesis gravidarum. Тоа е како некој да го споредува удирот со лактот со повеќекратно кршење на раката“ го опишуваат мајките кои ја имаат оваа дијагноза. Поради тешките мачнини, постојаното повраќање и чувството на исцрпност овие мајки речиси се преселени на подолго време во тоалет. Кој повеќето овие симптоми настануваат во третата недела од бременост и не престануваат минимум од 15-тата недела. Кај некој траат и подолго, а понекогаш, но многу ретко, траат и до самото породување, по што исчезнуваат.

Поради ваквата состојба овие бремени жени не можат воопшто да работат и на самит почеток од бременоста мораат да изостануваат од работа.

Но, да се надеваме дека Кејт нема да има толку лошо искуство и дека многу брзо ќе закрепне, впрочем како и со претходната бременост.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?