Ким Кардашијан повторно во центарот на вниманието

Откако на Модната недела во Њујорк се појави во латекс, а потоа во провокативен фустан кој одвај ги покриваше нејзините атрибути, Ким на доделувањето на Daily Front Row наградите се појави во уште едно провокативно издание кое исто така не остава многу простор за фантазија. Имено, познатата старлета и риалити ѕвезда одлучи панталоните да ги замени со хулахопки под кои јасно се гледаат нејзините гаќички. Во горниот дел носеше минијатурен кроп топ, а долгата кожна јакна го криеше нејзиниот разголен задник!

Таа изгледаше како да избегала од дома на половина од спремањето или како поради X причини НЕ стигнала да ја облече целата облека.

Старлетата на настанот се појави како поддршка на нејзината помлада сестра Кендал на која и беше доделена титулата модна икона на деценијата. Кендал за овој настан носеше гламурозен црн фустан со шлеп од тил и со потписот на италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали.

Поддршка на Кендал и даде и нејзината мајка Крис која на настанот се појави во тесен црн фустан со длабоко деколте. Таа овој пат не дојде со нејзиното помладо момче, туку во друштво на поранешниот сопруг на нејзината најстара ќерка Кортни Кардашијан, Скот Дисик.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?