Брижит Макрон во едно од најдобрите изданија досега ...

Кога одите на посета на некоја важна личност во политиката тогаш морате да го следите дипломатскиот кодекс на облекување. Но кога станува збор за ревија на престижна француска модна куќа тогаш морате да следите некои потполно поинакви правила – треба да бидете во чекор со најновите трендови, да и дадете почест на можеби и најголемата модна куќа на светот и да застанете рамо до рамо со бројни познати модни инсајдери.

Па, дали првата дама на Франција го помина тестот? Ние мислиме дека го положила бидејќи овој оверсајз блејзер, црните панталони, високите потпетици со дезен од питон и белата кошула делуваат посебно и префинето, потполно соодветно на предизвикот.

Брижит на ревијата на Диор седеше во првиот ред заедно со Селин Дион, Џенифер Лоренс и Натали Портман, опкружени со величествениот екстериер на паришката кралска градина. Прекрасната Бриџит се појави со благо фенирана коса, и неколку одвај забележливи детали како што е часовникот на рацете, прстени и чанта во металик нијанса.

Па дали ви се допаѓа ова издание на Брижит?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?