Стилот на оваа девојка е совршен микс од луксузната и хај стрит модата

Војвотката од Кембриџ многу пати досега не воодушеви со изборот на скапоцени дизајнерски парчиња, но и со моделите кои што можеме да ги најдеме во продавниците од кои што купуваме сите. Таа исто така нема проблем ни да се појави во исто парче неколку пати, а кога некои обувки и се допаѓаат, може да ги носи со години. Токму еден таков пар Кејт носеше неодамна во комбинација со плетен крем фустан. Имено станува збор за беж платформи со сламени пети кои и претходно можевме да ги видиме на нејзините нозе. Ги носеше кога беше на патување во Индија, но и минатата година за време на посетата на Корнвал.

Најинтересното е што станува за поприлично поволни еспадрили од брендот Monsoon кои чинат околу 45 фунти, односно околу 3000 денари, и кои се распродадени веднаш откако војвотката прв пат се појави со нив во јавноста.

Па, дали ви се допаѓа нејзиниот избор?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?