Џенифер Лопез изгледа фантастично!

Џенифер Лопез (48) се појави во одлично издание на црвениот килим. Познатата пејачка и актерка на гламурозниот настан се појави во фустан од модната куќа „Elie Saab“ во боја на пудра кој повеќе откриваше отколку што сокриваше и покрај тоа што е направен од толку многу материјал. Но отвореното деколте и длабокиот шлиц ги нагласија нејзините голи раменици и секси нозе, а откривањето и на горниот и долниот дел истовремено веќе одамна не е модно злосторство какво што се сметаше некогаш.

Џенифер комбинацијата дополнително ја подигна со овие прекрасни сандали со потписот на генијалниот Кристијан Лобутин.

Па, дали ви се допаѓа оваа комбинација?

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?