matte

Првата дама на Франција во костум кој многу потсетува на моделот од Ralph Lauren што неодамна го носеше Меланија Трамп.

Брижит Макрон, новата Прва дама на Франција во прекрасна комбинација ја започна својата стилска ера во Елисејските полиња. На инаугурацијата на својот сопруг, Емануел Макрон, прекрасната Брижит очигледно беше инспирирана од Меланија Трамп и понесе сличен костум во бебешка сина боја само овој пат со потписот на „Louis Vuittona“ наместо моделот од „Ralph Lauren“ што го носеше Меланија во јануари оваа година.

Оваа боја станува хит и тоа благодарение на Меланија Трамп >>

Таа комбинацијата ја заокружи со nude салонки и чанта од истиот бренд како и костумот додека целиот стајлинг го зачини со нејзината преубава фризура.

За разлика од Меланија која носеше модел со должина до колената, здолништето на Брижит е пократко, па во преден план беа нејзините згодни нозе. 

Па, дали ви се допаѓа ова издание на новата Прва дама на Франција?

Која е Брижит Троње, мистериозната Прва дама на Франција >>

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com