matte

Џиџи Хадид е една од оние ИТ девојки кои ги создаваат трендовите!

Познатата манекенка повторно ни покажа дека не се плаши да исплива од сигурната зона и да се прошета во необични парчиња кои веќе следниот ден би можеле да станат тренд. Таа тоа досега ни го има покажано безброј пати, а и сега, за време на една прошетка низ Њујорк кога се појави во ова потполно неочекувано издание. Овојпат во фокусот се нејзините свилени пижами со зелено-бели риги кои ги носеше во комбинација со шик сандали со високи потпетици од „Stuart Weitzman“ и очила за сонце со потписот на „Garrett Leight“.

Нов тренд на улиците на познатите метрополи – славни девојки во класични машки пижами >> 

Таа овие луксузни пижами од Morgan Lagen ги носеше и во вечерно издание, само во комбинација со елегантен сив капут и чизми.

Што се однесува до нас, ние искрено се надеваме дека овој тренд ќе не прескокне!

Што мислите вие?

Таа е херој! Се прошета во пижами и црвени високи потпетици низ центарот на Париз >>

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО