Таа знае како да ги носи овие панталони

Прекрасната Ева Лонгорија (41) се уше може да се пофали со својата топ форма која можеме да ја забележиме и од нејзините модни комбинации. Но она што ни го привлече вниманието овој пат е начинот на кој што ги фура белите панталони, без разлика дали станува збор за шик фармерки или тесни модели кои потсетуваат на хеланки. Атрактивната актерка воглавно ги носи со кошули и блузи, што посебно ќе им се допадне на деловните жени.

Атрактивната латино девојка овие комбинации речиси секогаш ги зачинува со деловен модел на чанта и со тренди високи потпетици па не мора да се пресоблекува ако по обврските реши да излезе и да се прошета со пријателките.

Понекогаш ги носи и со стејтмент чизми или сандали, па дури и со папучи во кои исто така успева да изгледа убаво и гламурозно.

Погледнете ги нејзините најдобри изданија, па ако ви се допаѓаат, отворете ја галеријата на крајот од текстот и погледнете неколку интересни модели на бели фармерки и панталони со кои можете да го позајмите нејзиниот стил.

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?