ban2

 Нешто чудно се случува во светот на модата?

Ние не мислиме така ...

Ники Минаж се појави со голи гради и седна во првите редови на ревијата на познатиот колумбиски дизајнер, Хајдер Акерман. Но ова не беше обична провокативна комбинација во стилот на Ким Кардашијан или Ријана, туку крајно вулгарно издание на познатата 34 годишна раперка која што е ѕвезда во Америка. Кич на кој вода можат да и носат и девојките од Гранд продукција и новогодишните забави на Пинк ТВ.

Крајно понижувачко како за самиот дизајнер, така и за двете Французинки меѓу кои седеше Ники, а кои важат за едни од најдобро облечените жени во Франција.

Критиката беше немилосрдна, од онаа дека го копирала стилот на Лил Ким од доделувањето на МТВ наградите во 1999 година, па се до коментарот на Каролин де Магре познатиот француска модна икона која заедно со Лу Дилон седеше веднаш до неа и која напиша дека Ники изгледаше како сликата на Пабло Пикасо од пред 110 години „La femme à l’éventail.”

#RP @carolinedemaigret 😘 #Picasso 1907 #NickiInPARIS

A post shared by Barbie® (@nickiminaj) on

Како и да е пејачката која што ја обожаваат тинејџерите во земјата на бизоните ги доживеа своите пет минути во светот на модата, и тоа беше вест која што ја проследија сите позначајни медиуми. Таа беше во центарот на вниманието на престижната ревија исто како што и само еден ден претходно, на ревијата на H&M, кога сите се насобраа околу неа и ја фотографираа, воопшто не забележувајќи ги прекрасните девојки како Алекса Чанг и Патриција Манфилд. Но за разлика од тогаш, Ники овој пат ги премина сите граници на добриот вкус и изгледаше многу полошо од просечна балканска торбо фолк пејачка на настап во кафеана.

Но таков е светот на модата...

Парите го вртат светот. А модата пак ги врти парите, па воопшто не треба да се чудиме од маркетинг и ПР решенијата на познатите дизајнерски имиња. Да, ова е крајно невкусно, па дури и за оние кои имаат некакво разбирање за постоењето на Ким Кардашијан во светот на модата, но тоа не значи дека ова навистина е лош потез и ужасна реклама за брендот. Ние попрво би се запрашале - колкумина пред да ги видат голите гради на Ники слушнале и се заинтересирале за новата колекција на Хајдер Акерман?

Ние сме сигурни дека ова ќе биде успешна година за нив ...

Што мислите вие?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?