matte

Која од овие две комбинации е подобра?

Едната е позната балканска пејачка, а другата манекенка од светски калибар, но и двете изгледаат прекрасно кога го фураат овој тренд...

Познатата хрватска пејачка деновиве објави спот за баладата „Као“ со која предизвика бројни позитивни коментари на обожавателите на социјалните мрежи. Во спотот Северина носи фустан со интересен цветен дезен, стејтмент чизми од Balenciaga и капут од тексас.

Еден ден претходно пак, познатата манекенка Бела Хадид се забавуваше во Њујорк, со нејзиниот помлад брат Анвар, во тексас фустан.

Токму љубовта кон тренди парчиња од тексас е нешто што им е заедничко на овие две убавици кој за среќа повеќе не е резервиран само за фармерки и јакни, туку и за други парчиња што овие девојки ни го демонстрираа одлично.

Познатата манекенка притоа избра потемен модел, за разлика од Северина која во спотот носи светол модел со крзно. Како и да е, станува збор за материјал кој ќе биде мошне популарен и во следната сезона, и со кој едноставно не можете да погрешите.

Па, што мислите, која од овие две девојки има подобра комбинација?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com