loading...

СЏП како принцеза од бајките на црвениот килим

Сара Џесика Паркер на доделувањето на „Golden Globes“ наградите се појави во невестински фустан од „Vera Wang“ со што се издвои од своите колешки кои избираа уникатни, раскошни фустани од најпознатите светски дизајнери. Преубавиот фустан е од новата невестинска колекција на престижниот бренд, а познатата актерка го носеше со коса врзана во пунџа со која потсети на славната фризура на принцезата Леја која во култниот филм „Star Wars“ ја овековечи неодамна починатата актерка Кери Фишер.

Белиот раскошен фустан е со малку подлабок V израз во пределот на деколтето, додека сатенските ракави додадоа потребната доза на гламур. Долниот дел се шири во големо ѕвоно и е задолжен за „cinderella“ моментот, додека во горниот дел изгледа мошне секси и атрактивно.

 

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО