loading...

Прекрасната јорданска кралица Ранија важи за една од најубаво облечените дами меѓу аристократките, а тајната на нејзиниот специфичен стил се крие во ремените и интересните појаси кои најчесто ги носи.

Без разлика дали носи фустан код Валентино по чии креации ги обожаваат жените од целиот свет или чизми до глужд во комбинација со лелеав фустан со впечатлив ремен, стилот на кралицата Ранија секогаш изгледа фантастично . Таа на свои 22 години се омажи за сегашниот крал Абдулах II и досега изгради беспрекорен стил во јавноста, па дури и кога носи фармерки, изгледа препознатливо и кралски.

Покрај скапоцените парчиња и брендираните модни додатоци за нејзините прекрасни стајлинзи виновни се и разните ремени и појаси кои многу често ги носи. Таа и кога носи фармерки и кошула, врз кошулата носи ремен со што дополнително ја истакнува нејзината витка фигура, Да кралицата Ранија изгледа прекрасно и покрај тоа што има родено три деца, а овие фотографии се совршен доказ за тоа.

Но покрај секојдневните кежуал стајлинзи Ранија со ремен ги стилизира и нејзините погламурозни изданија и тогаш навистина изгледа како некоја кралица од големото филмско платно на чиј стил би можеле да и позавидат дури и жените како Кејт Мидлтон и Меланија Трамп.

Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа прекрасна дама?

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО