Овој напиток се припремува брзо и лесно и совршено одговара за долгите зимски вечери.

1 napitok

Потребни состојки:

- 4 децилитри млеко 

- малку ванила во прав

- 100 грама кршено бело чоколадо

- 1 лажичка кокосово масло

- слатка павлака

- малку сируп од вишна или брусница

- неколку вишни/брусници за декорација

Начин на подготовка: 

Во сад измешајте го млекото, чоколадата и ванилата, па мешајте додека чоколадото не се растопи, но внимавајте да не зоврие. Тргнете го садот од оган, додајте една лажичка кокосово масло, па смесата ставете ја во висока стаклена чаша, па декорирајте со слатка павлака, суруп од вишна или брусница или пак со цели плодови вишни или брусница.