Музички извадок сличен на хитот на раперот, снимен уште во 2002 година за филмот „Осмата милја“, бил искористен во кампања на политичка партија од Нов Зеланд.

Спорната мелодија е проценета како „еминемска“, „премногу слична“ и „речиси иста како оригиналот“. Па така судот од Нов Зеланд одлучи на продукцијата на Еминем да исплати сума од 415.000 долари поради кршење на авторските права за песната „Lose Yourself“.

Отштетата ќе ја добие продукцијата, а потоа ќе одлучат колкав дел од сумата ќе биде исплатена на Еминем.