Метеоролозите предвидуваат слаби локални врнежи од дожд и снег утре (четврток) во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање.

stud slika

Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а преку денот облачноста насекаде ќе се намалув. Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.