Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ ги шокираше обожавателките.

bojan

Без најава, преку ноќ се најде во улога на младоженец. Познатиот пејач кого гледачите имаат можност да го гледаат и како еден од членовите на жирито на музичкиот натпревар на таленти  „Некои нови клинци“ на ТВ „Прва“ за невеста ја одбра поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ, која  е  исто така Црногорка и по потекло е од Херцег Нови. 

Но, обожавателките  сепак нема за што да се грижат. „Свадбата“ на Маровиќ  беше само претстава за публиката како дел од годинешниот, 16-ти саем на свадби и венчавки  „Свадба Викенд“ во Белград, кој  започна со традиционалната ревија на познати дами во венчаници, кои во улога на младоженци ги придружуваа голем број на јавни личности, меѓу кои и Бојан.