FaceBook  Twitter  

Даниел Кајмакоски со неговата прекрасна имитација на Бруно Марс ја подигна публиката на нозе и направи вистинска атмосфера.

Виклери на главата, хавајски тен, сјаен глас и фантастично играње ...

Емисијата започна со настапот на Даниел Кајмакоски и неговата прекрасна имитација на Бруно Марс со која подигна голема прашина и за која зборуваат сите медиуми во регионот. Во жирито се наоѓа и Кнез кој и самиот помина низ шоуто и многу добро знае колку е напорно и тешко да се одработат поставените задачи, а за феноменалниот настап на Даниел имаше само пофални зборови. „Навистина беше сјаен и ти се еден од најдобрите машки вокали на овие простори, кореографијата беше феноменална, а играчите направија вистинска атмосфера“, изјави Кнез. Покрај него и другите претставници на жирито имаа само пофални зборови за настапот на Даниел кој важи за еден од најдобрите вокали во шоуто кое навистина е тешко за учесниците. Но, бидејќи целта е од хуманитарна природа, така и сé е полесно, па и самите учесници своите задачи ги извршуваат со насмевка.