Погледнете го ова извонредно издание на шпанската кралицата Летиција за која во последно време се почесто пишуваат и најпознатите модни магазини во светот.

Кралицата Летиција и кралот Фелипе се сретнаа со перуанскиот претседател Ољантао Умал и со неговата сопруга Надина во Мадрид.

Кралицата за оваа свечена пригода носеше елегантен топ и здолниште со молив крој од најновата колекција на Hugo Boss која се уште не е на продажба.

Бојата на слонова коска совршено и стои на витката градба на кралицата, особено затоа што белата боја и пеплумот создаваат илузија на заоблена фигура.