Оваа година сведоци сме на чудни трендови како никогаш досега

Така беше со трендовите поврзани со фармерките поради кои годинава се изнагледавме на најоткачените кроеви што сме ги виделе досега; или пак со ексцентричните невестински фустани, но и со чизмите и сите останати модни додатоци. Овој пат во фокусот ни е една чанта (ако воопшто можеме така да се изразиме за ова нешто што можете да го видите на фотографиите) која тешко може на некој да му се допадне, но многумина би сакале да ја имаат ако ништо друго, тогаш барем за да се пофалат на социјалните мрежи. (Иако ние искрено сметаме дека од овој модел не е фасциниран ни Боки 13 кој е познат и како страстен колекционер на скапи женски чанти. Тој неодамна не изненади со еден необичен модел од Фенди кој потсетува на генијалната чанта од Баленсијага која беше хит во изминативе неколку сезони. Но, сепак овој модел дефинитивно ги шие сите кога е во прашање тој „шок“ ефект!).

Станува збор за шпанскиот бренд „BIIS“ кој ја дизајнираше оваа „практична“ просторна женска чанта за која треба да издвоите 360 евра. Торбата е направена од квалитетна кожа и личи на обично ќесе за ѓубре, па воопшто нема да се изненадиме ако додека се шетате во еден момент ве сопре полиција како сомнително лице и побара да види што носите во неа.

Но според некои модни магазини ова би можело да биде тренд, а на социјалните мрежи тоа најверојатно веќе и е. Оние што ја имаат се фалат со неа на сиот глас и се фотографираат каде и да стигнат и покрај тоа што не се малку и оние што се прашуваат кој е толку луд да издвои толку пари за нешто што личи на кеса со ѓубре која постојано си ја носите со вас.

Во која група спаѓате вие?

И додека ние си мрчиме на Фејсбук и го делиме народот на предавници и патриоти погледнете што прави Боки 13 >>

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?