Мантили и капути од ПВЦ се хит оваа сезона

Ваков мантил до неодамна беа заштитен знак на модната уредничка Карин Ротфилд која секогаш го носеше со очила за сонце и мрежести чорапи.

Оваа сезона ваквите впечатливи мантили можеме да ги видиме на голем број трендсетерки и на улиците на светските модни метрополи, но не и во светот на познатите кои се уште не му се поклониле на овој тренд, Но тоа е така затоа што станува збор за нешто кое можат да го фураат само оние најхрабрите и кои знаат добро да пливаат надвор од сигурните води.

Прекрасни модели можете да најдете во овосезонските колекции на „Tom Ford“ и „Calvin Klein“, но и во пролетните колекции за 2018 кај бројни други дизајнери и хај-стрит брендови кои овој популарен материјал го имаат искористено речиси на сите делови од облеката.

Еве како НЕ треба ...

Што се однесува до тоа како да ги носиме овие ПВЦ мантили, според она што можеме да го забележиме од трендсетерките најдобро одговараат со основни парчиња како што се фармерки, но и со модни додатоци или облека која не е од истиот материјал (на пример ако носите високи чизми или панталони од ПВЦ тогаш најдобро е да не ги комбинирате со ваков мантил, туку со некој друг материјал!). Можете да ги носите и со панталони во некоја впечатлива боја или хеланки, но и со кратки здолништа или фустани и тренди чизми до глужд.

Емануел Алт ни покажа одличен пример како најлесно да ги носиме – со наједноставни и црни парчиња од глава до пети.

Па, дали ви се допаѓа овој тренд?

Најубавите капути за оваа есен – неодоливи модели што можете да ги носите секој ден >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?