Ранците повторно се хит!

Секоја жена во својата колекција треба да има барем еден практичен модел кој е совршен за деловни изданија, но и кој може да го носите кога одите на факултет или оние деновите кога планирате да „избегате“ од дома и цел ден да бидете излезени некаде, па покрај стандардните работи кои ви се неопходни ви требаат и други разноразни ситници. Но покрај нивната вообичаена и крајно практична намена, НЕ треба да заборавиме и дека ранците токму оваа есен се вистински хит и ги обожаваат бројни ИТ девојки и трендсетерки.

Тие беа мошне популарни во 90-тите (особено моделот од Луј Витон за кој веќе ви пишувавме - види тука), а во новата сезона бројни симпатични модели веќе не чекаат на полиците кај нашите омилени комерцијални брендови.

Модните блогерки едноставно ги обожаваат, што можеме да видиме и од следниве фотографии на кои нашата блогерката Дани Ѓуровска носи свој дизајн.

Ранецот што го носи Дани на оваа фотографија е рачно сликан и е нејзин дизајн. Истиот може да се носи и како ранец и како чанта ...

Покрај блогерките и бројни познати ИТ девојки веќе неколку сезони не се одвојуваат од него, а оваа есен повеќе од сигурни сме дека ќе бидат еден од најголемите трендови кога се во прашање модните додатоци. Најактуелни се оние кои се направени од крзно и кадифе, како и минијатурните модели кои можете да ги фурате буквално со сé – од лелеави фустани, до прекрасни комбинации со фармерки и патики.

Па, дали веќе го избравте вашиот омилен модел за оваа есен?

На следната страна погледнете како да го носите овој тренд >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?