Маиците со натписи веќе неколку сезони се хит

Во последно време најпопуларни се оние кои се со името на познатите брендови со кои нивните сопственички откриваат дека ги следат трендовите, но и дека имаат доволно пари да купат скапоцени дизајнерски парчиња.

И додека таквата порака е јасна, причините поради кои луѓето носат маици со специфични натписи се многу поинтересни. Сигурно досега многу пати сте се запрашале зошто некој носи одреден натпис. За избор на таквото модно парче наводно постојат три мотиви кои за „Who What Wear“ ги откри докторката Каролин Мејар, познат психолог од Америка. Првата причина е поради ширење експлицитна политичка (или некоја друга) порака. Втората е поради модните трендови и третата за да привлечат внимание. И додека не е тешко да се пронајдете во еден од овие три критериуми, психологот истакнува дека маиците со смислени пораки за личностите што ги носат порачуваат дека не им е страв да го изразат своето сопствено мислење.

Но важно е да бидете внимателни при изборот на маици со натписи кои се однесуваат на некои политички, религиски или социјални групи, како не би навредиле некого со натписот. А ако внимателно ги избирате и пригодите во кои ќе ги носите бидејќи таквите маици можат да остават погрешен впечаток за вас, кај личностите кои не го делат вашето мислење.

Инаку, во Македонија во моментот вистински хит се генијалните маици со натписи од македонскиот бренд Factory. Истите можат да се порачаат од Trgovski.mk, а кампањата за нив е направена во соработка со модната блогерка Дани која го вели следново:

Inspire

„Секогаш за мене најголема мотивација е да некој ме гледа како инспирација, сакам да влијаам на овој или оној начин да луѓето добијат поттик да направат нешто што можеби подолго време сакале а немале храброст или сметале дека некој друг е пречка за тоа а всушност, тие самите како и сите ние сме си едниствена вистинска пречка за успех. Не постои лимит се додека ние сами не го поставиме“ вели Дани во нејзиниот блог за оваа маица.

Кликни тука и порачај ја оваа маица >>

NoFilter

Од друга страна пак, за натписот #NoFilter Дани ќе рече: „Можеби прва мисла која ми паѓа на памет е #nofilter и Instagram но веднаш потоа помислувам на човечките вредности без филтер, оние искрени, вистински . Постојат, доколку ги бараме кај правите личности, доколку не е исфорсирано, се чувствувате комфортно покрај луѓето кој што се секојдневно рамо до рамо со вас….И оние кои се радуваат на вашиот успех, го делат со вас секој среќен момент, тоа се оние за кои сметам дека вербата за вистински вредности ја враќаат со секоја нивна постапка.“

Кликни тука и порачај ја оваа маица >>

Feminist

„Секоја жена треба да е феминст според моето мислење, во смисла да се бори сама за себе, да застане на свои нозе во ова општество кое можеби е сурово но доколку сами го најдеме вистинскиот начин до рамноправност тоа нема да изостане во ниту еден момент. Молкот не е начин, само со гласно и јасно ЈАС секоја жена ќе го исполни својот сон, цел и посакуваниот успех ќе дојде сам по себе“ напиша блогерката.

Кликни тука и порачај ја оваа маица >>

Not my problem

„Овој натпис ме потсетува за тоа дека ако некој има погрешно мислење за вас кое вие сте сигурни дека не е правилно и сметате дека не е оправдано, тоа не е ваш проблем туку на тој од другата страна…Најважно во животот е да останеме “чисти” сами пред себе, најлесно е да впериме прст кон некој со или без причина…Треба да се почне од себе да не се осудува никој, дрскоста и негативната енергија ние сме тие што ќе ја спречиме да допре до нас.“

Животот е круг, ако некој ви згрешил нешто верувајте дека поголема казна од тоа да тој самиот си ја увиди грешката не постои, препуштете им го тоа задоволство, но и бидете спремни да истото не снајде секој од нас доколку сакајќи или не сме постапиле погрешно во даден момент.

Кликни тука и порачај ја оваа маица >>


Фото: Дарко Митев Аргона, @dgjurovska

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?