Модните гуруа препорачуваат – во мода е бојата која им стои убаво на сите!

Црвената боја е клучна нијанса во актуелните колекции. Можете да ја сретнете на најразлични парчиња, но и во изданија од глава до пети. Во морето црвени нијанси, една го носи и епитетот „совршена“ и тоа сосема оправдано бидејќи стои убаво на секој тип на кожа. Во прашање е таканаречената примарна црвена боја, односни бојата која се наоѓа во центарот на сите бои. „Клучно е која боја ја носите под брадата. Влијанието на бојата која се наоѓа непосредно во близина на лицето може да има изненадувачки моќен ефект. Може визуелно да ве истенчи и подмлади“, изјави за WWW Хелен Венаблес која е стилски консултант во House of Colour. Од друга страна и бројни истражувања одат во прилог на ова, истакнувајќи дека црвената боја не прави да изгледаме попривлечно бидејќи во неа се чувствуваме посамоуверено.

Во продолжение погледнете комбинации во црвена боја, односно со црвени детали кои совршено ја будат секоја модна комбинација >>

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?