Почна Модната недела во Њујорк

Американските дизајнери почнаа да ги претставуваат своите колекции на Модната недела во Њујорк која ќе трае од 6 до 13 септември. Модниот настан на годината го отвори Том Форд, а на ревијата се појавија некои од најпознатите манекенки на денешницата, а меѓу нив секако и мегапопуларните Џиџи Хадид и Кендал Џенер. Во новата колекција преовладува гламурозната естетика и футуристичката женственост, но и ретро стилот од 90-тите кој воедно ќе биде и еден од клучните трендови за следната пролет. Моделите ни доаѓаат во сите бои, од кои највпечатливи се силните нијанси, како и нагласените подраменици и оверсајз кроевите кои овој пат најмногу можевме да ги забележиме како сакоата, јакните или бомберките.

Најпопуларните трендови за оваа есен и зима >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?