Тренд кој започнува во продавниците на Зара

Популарниот шпански бренд повторно има парче по кое лудуваат жените од целиот свет. Па така пред да почне летото во нивните продавници вистински хит беше фустанот – кошула со црвено-бели риги кој се распродаде веднаш. Овој модел со риги визуелно ја издолжува фигурата, а дополнителна предност му е што ременот кој ја нагласува половината создава илузија на тело во форма на песочен часовник. Фустанот има долги ракави па може да се носи и преку есен, што е уште една негова предност, а можете да го носите и како наметка.

Па, доколку преку лето го видовте овој фустан како го носат девојките од вашиот град и истиот не можевте да го имате бидејќи преку ноќ го снема од полиците, сега имаме изненадување за вас. Брендот реши да го врати во продажба и тоа во ново издание.

Бојата на ригите е променета во склад со новата сезона и донесе вистинско освежување, па сигурни сме дека фустанот повторно ќе биде хит.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?