Нови романтични модели кои ќе бидат хит оваа есен

Оваа есен ќе носиме долги фустани зачинети со цветни дезени кои многу потсетуваат на оние што некогаш ги носеле нашите баби. Винтиџ моделите со цветен дезен ги преплавија излозите на дизајнерските брендови, а трендот ги освои и бројните познати девојки кои своите ИТ фотографии постојано ги споделуваат на социјалните мрежи.

Покрај тоа што се ИН постојат уште многу други причини поради кои ќе ги обожавате овие долги модели. Една од нив е што станува збор за фустани кои можете да ги носите преку целиот ден и со нив многу лесно да се трансформирате во одлично вечерно издание. Тие се одлично решение како за вашите деловни изданија, така и кога треба да излезете на пијачка со пријателките, а воедно во ниту едно друго парче нема да изгледате олку елегантно како во овие женствени модели. Што се однесува до летните кроеви кои веќе ги имате во плакарите, носете ги со тексас или кожена јакничка, облечете чизми и бидете подготвени за комплименти. 

Од друга страна пак, ако сакате да се подновите со еден ваков модел, покрај скапите дизајнерски парчиња прекрасни модели има и во продавниците на познатите хај-стрит брендови. Најдобрите можете да ги видите во продолжение ...

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?