Џиџи и Бела Хадид ги освоија модните уредници, фотографите, дизајнерите, но и жените ширум светот, со својот беспрекорен стил.

Тие важат за најпознатите ИТ сестри на светот

Нивниот стил можеби е малку необичен, но мошне интересен од кој знаат како да го извлечат максимумот. Тие често ги диктираат модните трендови, а тоа најверојатно ќе се случи и со последниот аутфит на Бела.

Имено, познатата 20-годишна манекенка низ Њујорк се прошета во boyfriend фармерки и кратка и необична бела кошула со отворен гол грб и деколте кое завршува со бел патент на предната страна. Покрај чантата од Dior, белите патики од Nike и шик очила за сонце од кои не се ни одвојува, не е ни чудо што привлекува толку внимание.

Но од целата комбинација најмногу внимание привлекува со фармерките. Моделот е со низок струк, каков што своевремено фураа Бритни Спирс и Кристина Агилера кога беа на врвот на својата кариера.

И манекенката Емили Ратајковски која е поборник на секси стилот во последно време неколку пати се прошета во вакви секси панталони, но дефинитивно не предизвика толку внимание како сестрите Хадид.

Па, што мислите, дали сестрите во 2017 ќе ни го вратат трендот од почетокот на 2000-те кој изгледа мошне опасно и провокативно?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?