loading...

Нови трендови и во деловната облека

Ригите отсекогаш биле дек од облеката што претставничките на понежниот пол ја носат на работа. Кошули, сакоа и панталони зачинети со одвај забележливи тенки линии отсекогаш се одличен начин да ја разбиете строгата униформираност на вашиот деловен стил, а оваа сезона тоа можете да го правите како никогаш досега. Од модели во неутрални бои проткаени со тенки риги во слични нијанси до најконтрастни комбинации, оваа сезона ригите го носат духот на француската ривиера кој овој пат ви е дозволено да го внесете и во вашите канцеларии. Ова особено важи за панталоните со овој дезен, без разлика дали станува збор за модел со цевка, ѕвонест или широк крој. Можете да ги комбинирате со вашите омилени кошули, блејзери и сакоа, да скокнете во вашите омилени обувки со блок потпетици и .. тоа е тоа!

Панталони од кои славните девојки не можат да се одвојат >>

Не треба да ги заборавиме и популарните килоти кои покрај деловните комбинации можете да ги фурате и во вашите секојдневни изданија. Се што ви треба е добра тексас јакна, патики и „бенд“ маица и ќе бидете подготвени за прошетка низ парк со пријателките, или во комбинација со боди или топ, кожена јакна и шик сандали со кои ќе го освоите светот.

Облеката со риги се маст-хев за оваа пролетна сезона >>

Па отворете ја галеријата и погледнете ги најдобрите панталони со риги од брендовите кои се популарни меѓу нашите девојки.

види повеќе »

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО