Станува збор за пластични проѕирни чизми какви обожаваат сестрите Кардашијан-Џенер кои се и главните виновнички за популарноста на овој модел.

Тие со месеци не се одвојуваат од овие чизми.

Познатите сестри го популаризираа овој модел откако реперот и сопругот на Ким Кардашијан, Канје Вест, го претстави на модната писта во Њујорк заедно со неговата минатогодишна колекција.

Но според Келси Стигман, асистенката на модната уредничка на Seventeen.com на која и овие чизми и се допаднаа многу откако видела како ги фура најмладата припадничка на кланот, Кајли Џенер, овој модел е далеку од она како изгледа на фотографиите. Таа поради овие фотографии на кои Кајли изгледа прекрасно во проѕирните чизми одлучила да купи модел во верзија со интересен црн детаљ на предениот дел.

Но наместо да ужива во новите секси чизми следуваше хорор. Нејзините нозе толку се испотиле што чизмите во истиот момент беа полни со пареа и изгледаа очајно.

Малку истражувавме на интернет и социјалните мрежи и веднаш воочивме дека Келси не е единствената која има проблем со овој модел.

Повеќе од јасно е дека Кајли ги носи само неколку минути, и дека можат да ви послужат само за фотографирање на Инстаграм, но не и да ги носите на некоја забава!

Навистина изгледаат одвратно, нели?

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com