Кожните јакни и оваа пролет се меѓу главните трендови.

Кожните јакни, особено оние рокерските, можете да ги носите со секој стајлинг, и токму затоа тие се вистински моден хит секоја сезона.

Кожните јакни можете да ги носите со секој стајлинг Тие се на листата меѓу безвременските модели кои не признаваат години и кои можете да ги фурате во сите пригоди. Тие совршено се вклопуваат во најразлични стилови, особено рокерските и кратките модели кои се хит оваа сезона. Во овие јакни вреди да инвестирате бидејќи навистина можат да траат со години, без разлика дали ќе ги носите во дневни прошетки или на вечера, во кино или на ревија. Познатите девојки своите кожени јакни ги носат дури и на црвениот килим, во комбинација со жестоки високи потпетици и женствени фустани, а со нив изгледаат модерно, секси и неодоливо и кога ги носат во обични „street style“ изданија. Досега имаме видено како ги носат скоро сите познати трендсетерки, а меѓу нив би ги издвоиле Кејт Мос, Ева Херцегова, Џесика Алба, Амал Клуни, Џиџи Хадид, Ема Стоун, Џеси Џеј, Криси Тајген, Рита Ора...

Што мисли Ана Винтур за јакните што сите ги имаме во плакарите >>

Кожните јакни со рокерски крој ги прославија момците од Рамонси и Џемс Дин, и денес тие се составен дел од basic облеката, а можете да ги носите со фармерки или фустани, со патики или секси високи потпетици. Инаку, првата кожена јана од брендот „Perfecto “е произведена во дамнешната 1928 година, а ја има дизајнирано Ирвинг Скот. Токму таква јакна носеше Марлон Брандо во 1953 година, во филмот „Дивиот“ („The Wild One“) во кој го глумеше младиот ганстер и бунтовник Џони Стаблер. Овие јакни постојано се редизајнираат така што денес покрај класичниот црн крој постојат безброј неодоливи модели во најразлични бои, од нежно светло розова, па преку боја на камилово влакно, се до кралската сина, пурпурна и боја на вино (оваа сезона мошне популарни се кожните јакни во црвени и розови нијанси).

Кожни јакни од модните писти, но и од најпознатите продавници >>

Покрај бојата, постојано се менуваат и деталите како што се нитните и патентите, а каков ќе биде дизајнот во сезоната што следува, како и најубавите модели од најпознатите high-street продавници, погледнете во галеријата на крајот од текстот.

Еве во кои продавници ги пронајдовме најдобрите кожени јакни со крајно поволни цени >>

види повеќе »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО